20. СЕКСУАЛЕН ОДНОС

Submitted by tstankova on

Што:

Приказната „Сексуален однос“ нуди информации за чинот на сексуалниот однос, објаснувајќи ја активноста чекор по чекор, поддржана со соодветни илустрации.

Зошто е важно:

Сексуалниот однос претставува една од најприватните и најтабуизираните теми од областа на сексуалноста. За истата речиси и да не се зборува отворено, поради што  добивањето на веродостојни, детални и конкретни информации претставува предизвик за многу лица со АСН. Пристапот до соодветни информации им овозможува на лицата со АСН да бидат точно информирани и ги охрабрува да поставуваат прашања на кои немаат одговор. Со ова се создаваат услови Вашето дете/ученик/роднина/корисник да изгради вештини за носење на информирани одлуки и следствено безбедно да ја истражува својата сексуалност и да гради здрави сексуални врски.

Кога е соодветно да се обработува приказната?

Пред да се започне со обезбедување на информации за сексуален однос, потребно е да се усвојат основни знаења за сексуалните чувства, кои се неразделен дел од сексуалната врска. Обезбедувањето на информации за чинот на сексуален однос се препорачува да се започне во текот на пубертетот, бидејќи тој период е окарактеризиран со интензивно истражување сексуалноста и често отпочнување на сексуални врски, кои вклучуваат и сексуален однос. Деталните информации, понудени во приказната, поддржани со соодветни илустрации овозможуваат претставување на сексуалниот однос на конкретен, едноставен и визуелен начин. Со тоа се намалува можноста од сексуална злоупотреба, која во најголем број од случаите и не е препознаена. Запознавањето со сексуалниот однос, како и условите во кои тој однос може да се практикува создава услови Вашето дете/ученик/роднина/корисник безбедно да ја истражува сопствената сексуалност, вклучувајќи го и воспоставувањето на безбедни сексуални врски.

SRH Module Pre Quiz
SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
Сексуален однос
SRH Module Profile
Country
Age Group