19. СЕКСУАЛНИ ЧУВСТВА

Submitted by tstankova on

Што:

Приказната „Сексуални чувства“ нуди информации за појавата на сексуалните чувства како воочлива промена, која особено се забележува во текот на пубертетот. Претставувањето на сексуалните чувства како дел од емоционалниот развој на секоја личност е од особено значење, земајќи го предвид фактот дека сексуалноста е нераздвоен дел од нас и е една од основните биолошки карактеристики на личноста.

Зошто е важно:

Сексуалните чувства се прилично тешки за опишување, бидејќи секоја личност ги доживува на различен начин. Сепак претставување на нивните основни карактеристики, односно кога се јавуваат, како се манифестираат е мошне важно за нивно прифаќање како дел од целокупниот развој на личноста, а со тоа и нивно демистифицирање. Учењето на емоциите, со цел нивно разбирање и регулирање го поддржува развојот на вештините за комуникација, воспоставувањето на соодветни врски и превенирање на проблемите во однесувањето. Од особено значење е Вашето дете/ученик/роднина/корисник да има поддршка од средината во која функционира (семејство, професионалци и др.) за да може отворено да разговара на конкретната тема.

Кога е соодветно да се обработува приказната?

Пред да се започне со претставување на сексуалните чувства, потребно е да се усвојат основни знаења за видови на врски, како и правилата на однесување во истите (семејна, роднинска, пријателска итн.). На овој начин се создаваат услови за воведување на сексуалните чувства, кои се еден дел од сексуалната врска. Обезбедувањето на информации за сексуални чувства треба да се започне во текот на пубертетот, бидејќи тој период е окарактеризиран со поинтензивно доживување на истите. Деталните информации, понудени во приказната, поддржани со соодветни илустрации овозможуваат претставување на сексуалните чувства на конкретен, едноставен и визуелен начин. Запознавањето со сексуалните чувства создава услови Вашето дете/ученик/роднина/корисник безбедно да ја истражува сопствената сексуалност, вклучувајќи го и воспоставувањето на безбедни сексуални врски.

SRH Module Pre Quiz
SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
Сексуални чувства
SRH Module Dependency
SRH Module Profile
Country
Age Group