Што:
Во оваа приказна може да најдете информации за начинот на ставање на влошка на гаќи, во текот на менструалниот период, како и правилата поврзани со целиот процес. Приказната нуди чекор по чекор насоки на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за правилно ставање на влошка и со тоа можност за стекнување нови вештини за одржување на хигиена за време на менструалниот период.
Зошто е важно:
Запознавањето со процесот на ставање на влошка игра клучна улога во постигнувањето на што е можно поголема независност на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка при справување со менструалниот период. Важно е Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да ја види и разбере потребата од носење на влошка за време на менструацијата (течење на крв).
Кога е соодветно да се обработува приказната?
Од особено значење е навремено запознавање со процесот на ставање на влошка. Се препорачува демонстрирањето и вежбањето на чекорите за ставање на влошка да започне пред појавата на првата менструација. На тој начин се обезбедува време Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка постепено, без брзање, да се запознае со промената која ја очекува – носење на влошка. Исто така, се обезбедува време Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да се навикне на сензацијата која влошката ја создава при носење.