11. Менструација

Submitted by anikolovska on

Што:

Во оваа приказна може да најдете информации за процесот на менструалниот циклус, како една од најголемите и најважните промени кои настануваат кај девојките во текот на пубертетот. Сфаќањето и прифаќањето на менструацијата претставува предизвик за девојките/жените со АСН и интелектуална попреченост, кој е неопходно да се надмине со цел да се намали или целосно отстрани стравот и стресот како чести придружници на менструалниот циклус и промените. Конкретно понудените и експлицитно објаснети информации за промените се од големо значење за навремено подготвување на девојките/жените со АСН за периодот кој претстои или во кој моментално се наоѓаат.   

Зошто е важно:

Запознавањето со промените кои настануваат пред и за време на менструацијата им овозможува на девојките/жените со АСН навремено да бидат информирани за истите и со тоа да се одбегне непредвидливоста, неизвесноста и изненадувањето при воочување на промените, како крвавење, промени во расположението, носење влошка итн. Запознавањето со промените на сопственото тело претставува предуслов за прифаќање на истите. Од особено значење е навремено запознавање со промените кои претстојат, односно пред појавата на првата менструација. Приказната го претставува менструалниот циклус и промените кои настануваат пред и за време на истиот. На овој начин се овозможува девојката/жената со АСН да ги визуелизира наведените промени, кои генерално се тежок концепт за сфаќање, имајќи предвид дека не се случуваат секој ден. Со усвојување на информациите понудени во приказната Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ќе се стекне со основни предзнаења за следните две приказни за одржување на хигиена за време на менструација, односно приказните за ставање и менување на влошка.

Кога е соодветно да се обработува приказната?

Од особено значење е навремено запознавање со промените кои претстојат, односно пред појавата на првата менструација. На овој начин се зголемува можноста да се одбегне непредвидливоста, неизвесноста и изненадувањето при воочување на промените, како крвавење, промени во расположението, носење влошка итн. Сепак никогаш не е доцна да се обезбедат информациите и на девојки/жени кои веќе ги искусиле/искусуваат наведените промени. Разбирањето на промените кои се случуваат во сопственото тело води кон нивно целосно прифаќање и зголемување на самостојноста, секако во зависност од индивидуалните можности и способности на  Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.

SRH Module Pre Quiz
SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
Менструација
SRH Module Profile
Country
Age Group