17. ПРЕД ДА ДОПРАМ ПРАШУВАМ

Submitted by tstankova on

Што:

Во оваа приказна може да најдете информации кои ќе помогнат на Вашето дете/ученик/роднина/корисник да се запознае со правилото за прашување пред да допре некого (прегратка, бакнеж итн.), односно со потребата од барање на согласност за некого да гушне, бакне и сл.

Зошто е важно:

Поттикнувањето на социјално прифатеното однесување е важен дел од социо-емоционалниот развој на секоја личност. Проценувањето кога одредени допири се посакувани и добредојдени, а кога одредени допири се непосакувани и недобредојдени претставува комплексен процес од аспект на проценување на моменталната социо-емоционална состојба на соговорникот. Не сите лица имаат способности и знаење да ја направат таа проценка. Во таа насока воспоставувањето и практикувањето на правило за прашување пред допирање го олеснува процесот на проценка дали соговорникот сака да биде допрен или не. Барањето дозвола, односно согласност пред допирање е задолжителна компонента од сексуалното образование.

Кога е соодветно да се обработува приказната?

Обезбедувањето на информации за потребата од барање на дозвола пред допирање (бакнеж, прегратка итн.) може да отпочне уште во текот на раното детство (2-5 години), преку користење на секојдневните ситуации „Дали може/сакаш да те гушнам/бакнам?“ и сл. Поеднакво важно е и почитувањето на дадениот одговор. Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник не дало согласност потребно е да ја почитувате неговата желба, како Вие така и останатите личности од блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник. На овој начин обезбедувате основа за надградување на неговите/нејзините знаења во иднина, кога станува збор за барање и давање на согласност во различни ситуации.

SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
ПРЕД ДА ДОПРАМ ПРАШУВАМ
SRH Module Profile
Country
Age Group