16. КАКО ГИ ДОПИРАМ ЛУЃЕТО

Submitted by tstankova on

Што:

Во оваа приказна може да најдете информации кои ќе помогнат на Вашето дете/ученик/роднина/корисник да воочи како може (смее) и како не може (не смее) да ги допира луѓето. Преку конкретни ситуации, претставени на илустрациите, дадени се јасни насоки кои допири и начин на однесување може да го примени со луѓето околу него/неа и кои допири и однесување не може да го примени, односно не се дозволени.

Зошто е важно:

Поттикнувањето на социјално прифатеното однесување е важен дел од социо-емоционалниот развој на секоја личност. Поставувањето на јасни граници кои допири се дозволени и може да се применат, наспроти допирите кои не се дозволени и не може да се применат придонесуваат Вашето дете/ученик/роднина/корисник социјално да се развива и да гради самодоверба. Учењето на социјалните правила, кога станува збор за допири, му помага на Вашето дете/ученик/роднина/корисник полесно да се прилагоди во средината каде живее со почитување на правилата на однесување, кои се дел од секоја заедница, општество.

Кога е соодветно да се обработува приказната?

Обезбедувањето на информации за разлики меѓу пријатен и непријатен допир се препорачува во текот на раното детство (2-5 години). Користете ги секојдневните ситуации за објаснување на начинот на кој Вашето дете/ученик/роднина/корисник може да биде допрено и на на начинот на кој Вашето дете/ученик/роднина/корисник може да ги допира луѓето од неговото/нејзиното опкружување („Не сакам да ме удираш. Така не ми е убаво.“, „Не сакам да ме допираш/фаќаш на газето/задникот. Така не ми е убаво.“). За секој објаснет несоодветен допир дајде пример како тој допир Вашето дете/ученик/роднина/корисник не треба да го применува и со останатите лица од неговото опкружување (роднини, другарчиња и сл.).

SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
Како ги допирам луѓето
SRH Module Profile
Country
Age Group