9. Женски репродуктивни органи

Submitted by anikolovska on

Што:

Во оваа приказна може да најдете информации за репродуктивните органи, претставени како органи кои го одредуваат полот на личноста и како органи кои се одговорни за создавање на потомство. Информациите понудени во приказните ги претставуваат репродуктивните органи од аспект на форма и облик, како и нивната местоположба во телото.

Зошто е важно:

Запознавањето со репродуктивните органи претставува основа за одредување на полот на личноста. Нивно класифицирање како машки или женски репродуктивни органи му овозможува на Вашето дете/ученик/роднина/корисник одредување на полот на секоја личност, односно категоризирање на луѓето како машки или женски. Дополнително запознавањето со формата, обликот и местоположбата на репродуктивните органи дава основни информации потребни за разбирање и сфаќање на содржината на следните приказни, кои ќе ја обработуваат менструацијата, бременоста и контрацепцијата.

Кога е соодветно да се обработува приказната?

Од особено значење е навремено запознавање со репродуктивните органи пред започнување на пубертетот или во текот на самиот пубертет. На овој начин се зголемува можноста Вашето дете/ученик/роднина/корисник логички да ги поврзе, усвои претходно обработените податоци за промените кои настануваат во пубертетот, како влажен сон, ерекција, мастурбација, менструација и сл. Но, исто така претставува и основа за усвојување на содржината на приказните кои ќе се обработуваат во иднина (сексуален однос, бременост, контрацепција и сл.). Секогаш разбирањето на промените кои се случуваат во телото претставува предуслов за зголемување на самостојноста на  Вашето дете/ученик/роднина/корисник, секако во зависност од неговите/нејзините индивидуални можности и способности.

SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
Женски репродуктивни органи
SRH Module Dependency
SRH Module Profile
Country
Age Group