Што:
Во оваа приказна може да најдете информации за процесот на безбедна мастурбација, како и однесувањето поврзано со мастурбацијата. Мастурбацијата претставува природен начин на однесување, но потребно е да се научат условите под кои истото се применува, односно да се претстават социјалните норми на приватност и безбедност за време на мастурбација.
Зошто е важно:
Запознавањето со мастурбацијата како природен процес, кој го практикуваат многу луѓе, ќе му помогне на Вашето дете/ученик/роднина/корисник да сфати дека неговото тело функционира сосем нормално, како и телата на останатите луѓе. Активноста никако не смее да се забранува, туку треба да се насочува кога и каде може да се практикува. Важно е да се обезбеди простор во кој Вашето дете/ученик/роднина/корисник ќе се чувствува удобно да мастурбира, без забрани и прекорувања.
Кога е соодветно да се обработува приказната?
Запознавањето со процесот на мастурбација се препорачува да започне со самата нејзина појава, односно кога Вашето дете/ученик/роднина/корисник ќе почне да го допира својот пенис/вагина. Во тој период се воведуваат правилата на приватност и распоред на мастурбирање, односно се насочува однесувањето кон јасно поставени граници во кои/која просторија мастурбацијата е дозволена и а во кои не е дозволена, како и времето кога таа активност може да се обавува. Важно е родителите и професионалците, кои ја обработуваат темата на мастурбација, да бидат максимално синхронизирани при претставување на информациите, односно да поттикнуваат однесување кое е прифатено во домот и на сите останати јавни места. На овој начин се одбегнува создавање на забуна кај лицето, која може да резултира со анксиозност, фрустрација, чувство на вина и сл.