7. Раст и развој

Submitted by anikolovska on

Што:

Во оваа приказна може да најдете информации за растот и развојот на телото за време на пубертет, односно физичките промените преку кои детското тело станува возрасно тело. Оваа тема е важна бидејќи преку запознавањето со промените лицата со АСН учат да ги прифаќаат истите како дел од секојдневното функционирање. Конкретно понудените и експлицитно објаснети информации за промените се од големо значење за навремено подготвување на лицата со АСН за периодот кој претстои или во кој моментално се наоѓаат.    

Зошто е важно:

Запознавањето со промените кои настануваат за време на пубертетот, како и со карактеристиките на главните развојни периоди им овозможува на лицата со АСН навремено да бидат информирани за истите и со тоа да се одбегне непредвидливоста, неизвесноста и изненадувањето при воочување на промени. Запознавањето со промените на сопственото тело претставува предуслов за прифаќање на истите. Приказната за Раст и развој го претставува целокупниот физички развој на едно лице од бебе до стара личност (баба/дедо). На овој начин се овозможува лицето со АСН да го визуелизира процесот на растење и менување на телото, кој генерално е тежок концепт за сфаќање, имајќи го предвид темпото со кое се одвива истиот. Вашето дете/ученик/роднина/корисник ќе ги има основните предзнаења за следните приказни во кои детално се опишани главните промени во пубертетот, како ерекција, мастурбација, менструација и одржување на хигиена за време на менструација, репродуктивни органи.

Кога е соодветно да се обработува приказната?

Запознавањето со промените кои настануваат за време на пубертет потребно е да почне една до две години пред започнување на пубертетот, во зависност од темпото со кое Вашето дете/ученик/роднина/корисник  восприема нови информации. На овој начин Вашето дете/ученик/роднина/корисник  ќе биде подготвено за промените кои го очекуваат и со тоа ќе се намали можноста за несакани изненадувања. Во текот на обработката на приказната многу е важно за секоја наведена промена да се наведе лице од блиското опкружување на  Вашето дете/ученик/роднина/корисник  кое ја има истата промена. На овој начин самата промена се претставува како промена која се случува кај сите, а не само кај него.

SRH Stories
SRH Module Pre Quiz
SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
Раст и развој
SRH Module Dependency
SRH Module Profile
Country
Age Group