5. Каде може да бидам гола

Submitted by anikolovska on

Што:

Приказната Каде може да бидам гол/а е последна од приказните кои обработуваат информации за приватноста (приватни делови на телото, приватен и јавен простор, зошто носам облека и каде може да бидам гол/а)

Во оваа приказна може да најдете информации за правилата во кои простории, односно на кои места Вашето дете/ученик/роднина/корисник може да биде гол/а. Поставување на јасни правила и ограничување на местата каде лицето може да биде гол/а придонесува за прифаќање на општите правила за соодветно однесување, кои овозможуваат Вашето дете/ученик/роднина/корисник успешно да функционира во средината во која живее.

Зошто е важно:

Со запознавање на просториите, местата каде може да биде гол/а Вашето дете/ученик/роднина/корисник ги надградува претходно стекнатите знаења во однос на концептот за приватен и јавен простор. Четирите приказни (Приватен и јавен простор; Приватни делови на телото; Зошто носам облека и Каде може да бидам гол/а) се тесно поврзани меѓусебе со една цел – да се разберат и почитуваат социјалните норми во средината во која Вашето дете/ученик/роднина/корисник живее.  

Кога е соодветно да се обработува приказната?

Се препорачува обезедувањето на информации за поимот „приватност“, и кога одредени работи се соодветни или не, да се претстават меѓу 1,5 до 3 години. Целиот процес на облекување, соблекување, активности во бањата (бањање, вршење нужда и сл.) треба полека да се пренасочува кон приватен простор и постепено да се напушта извршување на овие активности во јавен простор или со отворена врата. Зависно од моменталните можности и способности на Вашето дете/ученик/роднина/корисник  усвојувањето на содржината ќе се одвива со различно темпо. При обработка на приказната, покрај понудените илустрации, користете ги природните ситуации за учење. На пример за време на облекување, соблекување и бањање на Вашето дете/ученик/роднина/корисник именувајте во кои простории се наоѓа, кој може да го/ја види гол/а во тие ситуации. Во зависност од можностите и способностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник набројте и кои луѓе не може, не треба да го/ја видат гол/а.

SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
Каде може да бидам гола
SRH Module Profile
Country
Age Group