4. Зошто носам облека

Submitted by anikolovska on

Што:

Во оваа приказна може да најдете информации за функцијата или причините поради кои се носи облека. Од големо значење е лицето да сфати зошто е потребно да се носи облека и следствено на тоа каде може да се пресоблекува. Приказната Зошто носам облека се надоврзува на приказните за приватен и јавен простор и приватни делови на телото. На некој начин ги соединува информациите, од претходните две приказни, ставајќи акцент на причините поради кои луѓето носат облека. Запознавањето со овие правила ја збогатуваат основата за разбирање и почитување на социјалните норми кога станува збор за облекување и соблекување.

Зошто е важно:

Со запознавање на причините поради кои треба да носи облека Вашето дете/ученик/роднина/корисник ги надградува претходно стекнатите знаења во однос на приватен и јавен простор и приватни делови на телото. Содржината на приказната Зошто носам облека ја потенцира важноста од покривање на приватните делови во јавен простор и соблекување на облека во приватен простор. Трите приказни (Приватен и јавен простор; Приватни делови на телото и Зошто носам облека) се тесно поврзани меѓусебе со една цел – да се разберат и почитуваат социјалните норми во средината во која Вашето дете/ученик/роднина/корисник живее.

 Кога е соодветно да се обработува приказната?

Со самото запознавања на приватните делови на телото, како приватни, што се случува во текот на 5-та година, потребно е да се обезбедат информации за носење на облека, односно покривање на приватните делови. Желбата за разголување кај децата е присутна од мала возраст (помали од 2 години). Но, концептот на приватни делови на телото почнуваат да го разбираат околу 5-та година. Сепак ова не значи дека објаснувањето зошто е потребно да се носи облека треба да биде одложено до 5-та година. Напротив се препорачува да започне што е можно порано, со опишување на другата функција на облеката – топлењето на телото. Зависно од моменталните можности и способности на Вашето дете/ученик/роднина/корисник  усвојувањето на содржината ќе се одвива со различно темпо. При обработка на приказната, покрај понудените илустрации, користете ги природните ситуации за учење. На пример за време на облекување, соблекување и бањање на Вашето дете/ученик/роднина/корисник именувајте ги приватните делови на телото и дополнете дека истите ќе бидат покриени штом се облече. Исто така прашајте го Вашето дете/ученик/роднина/корисник како се чувствува кога е гол во бањата, дали му е ладно. За потоа да ја наведете другата функција на облеката – затоплување на телото (на пример. Сега тие ладно. Кога ќе се облечеш ќе ти биде убаво, топло и сл.).

SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
Зошто носам облека
SRH Module Profile
Country
Age Group