2. Приватен и јавен простор

Submitted by anikolovska on

Што:

Во оваа приказна може да најдете информации за приватен и јавен простор, како за домот на Вашето дете/ученик/роднина/корисник, така и за надворешното негово опкружување.

Запознавањето со концептот на приватен и јавен простор е важен дел од воспоставувањето на правилата за прифатливо и неприфатливо однесување во различни простории на домот, но и надвор од него.

Зошто е важно:

Запознавањето на приватниот и јавен простор создава основа Вашето дете/ученик/роднина/корисник да научи на која врата треба да тропне пред да влезе, но и кога треба да очекува нему/нејзе да и тропнат на врата, во зависност од тоа во која просторија тој/таа се наоѓа. Следствено, во натамошните приказни, се обработуваат активности, како облекување, соблекување, бањање, мастурбирање и сл. и се наведува во која просторија истите може да се обавуваат.

Кога е соодветно да се обработува приказната:

Запознавањето со концептот на приватност, преку воспоставување на граници за прифатливо и неприфатливо однесување во различни простории започнува некаде меѓу втората и третата година. Во тој период се обезбедуваат основни информации за поимот „приватност“ и кога одредени работи се соодветни, а кога не. Одењето гол/а во овој период претставува големо задоволство и радост за децата. Се обидуваат секоја можна ситуација да ја искористат да се прошетаат голи, без оглед на просторијата во која се наоѓаат. Токму во овој период е потребно постепено да се внесуваат правилата за приватност, односно каде и кога може да биде гол/а. При обработка на приказната, покрај понудените илустрации, користете ги природните ситуации за учење. На пример, при влегување во приватните простории тропнете на врата и нагласете ја потребата од оваа активност. Во таа насока потребно е тие правила да се почитуваат од страна на сите членови на семејството, но и од страна на другите лица кои обезбедуваат било каква поддршка на Вашето дете/ученик/роднина/корисник. Обидете се едукативниот дел да го вклучите на мошне неформален начин, за време на секојдневните активности (Прво ќе тропнам на вратата, за да видам дали има некој. Ако има некој ќе почекам пред WC. Ако нема никој ќе влезам.)

SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
Приватен и јавен простор
SRH Module Dependency
SRH Module Profile
Country
Age Group