Што:
Во оваа приказна може да најдете информации за деловите на телото, нивната местоположба и правилна терминологија. Оваа тема е важна бидејќи влијае на развојот на личноста и можностите за организирање и извршување секојдневни активности. Всушност социјалниот живот на личноста почнува токму преку откривањето на сопственото тело во однос кон другите лица околку него/неа.
Зошто е важно:
Познавањето на деловите на телото претставува предуслов за сите приказни кои следуваат. Со познавањето на местоположбата на деловите на телото, нивната функција, како и нивното правилно именување Вашето дете/ученик/роднина/корисник ќе ги има основните предзнаења потребни за обработување на темите кои следуваат, како приватни делови на телото, зошто се носи облека, каде смее да се биде гол, пубертет итн.
Кога е соодветно да се обработува приказната:
Запознавањето на деловите на телото започнува уште со навршувањето на првата година, преку именување и покажување на основните делови глава, раце, стомак, задник, нозе и други делови. При обработка на приказната, покрај понудените илустрации, користете ги природните ситуации за учење. На пример, за време на облекување, соблекување и бањање на лицето именувајте ги и покажувајте ги деловите на телото. Исто така, при извршување на секојдневните активности како играње, јадење и слично можете да го вклучите едукативниот дел, на неформален начин (Леле колку брзо одиш,трчаш со нозете. Како убаво ја држиш лажицата со раката. Многу убаво пееш со устата.