Сите луѓе носат облека. И Лео носи облека.
Облеката го топли неговото тело и ги покрива приватните делови пенисот, тестисите и задникот.
Кога Лео е облечен луѓето не можат да ги видат неговите приватни делови.
Луѓето кои живееле пред 170,000 години оделе голи, не носеле облека. Дотогаш луѓето живееле само во Африка, каде времето било многу топло и не им требало облека. Пред 170,000 години луѓето почнале да се селат од Африка и да населуваат други повисоки и поладни места, како Европа и Азија.
Нормалната температура на телото на човекот е од 36.5 до 37.5° С. Највисока температура на телото на човекот може да биде 43 до 44° С. Тогаш човекот умира. Најниска температура на телото на човекот може да биде 24 до 26° С. Тогаш човекот умира. Пред 170,000 години кога луѓето се населиле на поладни места почнале да носат облека за да го топлат своето тело.
Луѓето за да успеат да одржат нормална температурата на своето тело (36.5 до 37.5° С) и преживеат во ладни места почнале да носат облека.