Доколку во WC, кое го користи Вашето дете/ученик/роднина/корисник нема завеса, објаснете дека во неговото WC има врати на кабината кои се спречуваат водата да излезе надвор од кабината, исто како завесата во кадата.
При опишување на водата како топла и добра за бањање, доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник не ги користи наведените термини, истите заменети ги со термини кои за него се познати. Доколку во WC, кое го користи Вашето дете/ученик/роднина/корисник има кабина, објаснете дека во неговото WC има кабина која се користи за бањање, како и кадата.
Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник не ја користи фразата пуштам вода, заменете ја со фраза која нему му е позната и ја користи (пуштам чешма и сл.)
При објаснување дека сите луѓе се бањаат можете да ги наведете членовите на семејството или луѓето од блиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник, кои не се наброени во текстот.