Ниво 1

15. ЈАС РАСТАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку сте во можност овозможете на Вашето дете/ученик/роднина/корисник да ја помириса сопствената пот на пазувите. Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник не го користи поимот пазуви, истиот заменете го со поим кој за него е познат (мишки, под рацете и сл.). Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник се уште не го поминал тој развоен период, односно е пред пубертет, посочете или покажете слика од негова блиска машка личност, постара од него (татко, брат, родина, другар и сл.) која се поти на пазувите. Доколку сте во можност овозможете да ја помириса потта од пазувите на таа личност од носена облека. Наведете дека и тој ќе се поти на пазувите и дека и неговата пот ќе мириса слично, како потта на личноста која ја посочувате како пример.

14. ЈАС РАСТАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Застанете пред огледало и посочете го пределот на пазувите преку облека на Вашето дете/ученик/роднина/корисник. Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник не го користи поимот пазуви, истиот заменете го со поим кој за него е познат (мишки, под рацете и сл.). Наведете дека тој предел може да биде мокар од потта. Натопете ја облеката кај пазувите за да ја почувствува промената, односно да го осети чувството на мокра облека на пазувите. Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник се уште не го поминал тој развоен период, односно е пред пубертет, посочете или покажете слика од негова блиска машка личност, постара од него (татко, брат, родина, другар и сл.) која се поти на пазувите. Доколку сте во можност покажете пример на испотена облека на пазувите. Доколку не сте во можност натопете ја облеката кај пазувите за да ја почувствува промената, односно да го осети чувството на мокра облека на пазувите. Наведете дека и тој ќе се поти на пазувите и облеката на пазувите може да му биде мокра, како на личноста која ја посочувате како пример.

13. ЈАС РАСТАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Застанете пред огледало и посочете ги влакната на пазувите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник. Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник не го користи поимот пазуви, истиот заменете го со поим кој за него е познат (мишки, под рацете и сл.). Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник се уште не го поминал тој развоен период, односно е пред пубертет, посочете или покажете слика од негова блиска машка личност, постара од него (татко, брат, родина, другар и сл.) која има влакна на пазувите. Наведете дека и на него ќе му пораснат влакна на пазувите , како на личноста која ја посочувате како пример.

12. ЈАС РАСТАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Покажете слика на Вашето дете/ученик/роднина/корисник од периодот кога тој е/бил момче. Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник се уште не го поминал тој развоен период, односно е пред пубертет, посочете или покажете слика од негова блиска машка личност, постара од него (татко, брат, родина, другар и сл.) во период на пубертет. Наведете дека и тој ќе порасне и ќе биде момче, како личноста на сликата.

11. ЈАС РАСТАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете ги игрите кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник најмногу сака/л да ги игра како/кога бил дете, без оглед дали вклучуваат други деца или не. Дополнително може да ги наведете и активностите кои најмногу сака/л да ги прави во периодот кога е/бил дете (да скока, да се врти,трча, бои, црта, и сл.).

10. ЈАС РАСТАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете дека Вашето дете/ученик/роднина/корисник веќе не ги употребува пелените, бидејќи сам ја користи WC шољата. Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник не го користи поимот шоља, истиот заменете го со поим кој нему му е познат (школка и сл.).

9. ЈАС РАСТАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете ја храната која Вашето дете/ученик/роднина/корисник најмногу сака да ја јаде. Наведете го приборот за јадење кој Вашето дете/ученик/роднина/корисник го користи при јадење. Нагласете ја моменталната самостојност при јадењето, во споредба со минатото кога бил бебе и не знаел да јаде сам.

8. ЈАС РАСТАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете дел од местата на кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник сака најмногу да оди, шета или изведува физичка активност (парк, училиште, прошетки, игралиште, спорт и сл.). Нагласете ја моменталната самостојност при одење, во споредба со минатото кога бил бебе и не знаел да оди. Исто така, нагласете го и зборувањето како ново научена способност, во споредба со кога бил бебе.