Ниво 1

4. Што работат репродуктивните органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Имајќи предвид дека поимот јајце клетка е тежок за изговарање и доста апстрактен, не настојувајте премногу Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да го изговори правилно. Важно е истата да ја препознае на илустрација, односно дека јајце клетката се создава во јајчниците. Согласно можностите и способностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка може да го користите и терминот топче, за именување на јајце клетка.

3. Што работат репродуктивните органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Наведете и друга личност од семејството или блиското опкружување на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка со машки репродуктивни органи. Важно е да се потенцира дека машките репродуктивни органи се наоѓаат внатре во стомакот на машкото, не женското. На овој начин се исклучува можноста Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да научи дека една личност има и машки и женски репродуктивни органи.

2. Што работат репродуктивните органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Согласно можностите и способностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка потсетете ја дека вагината е приватен дел од телото, но дека исто така служи за создавање на бебе, поради што спаѓа во групата на женски репродуктивни органи.

1. Што работат репродуктивните органи

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Во рамки на семејството или блиското опкружување на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка посочете кои лица се женски (мајка, сестра, тетка, баба, братучетка и др.).

25. ПРЕД ДА ДОПРАМ ПРАШУВАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
И Вие практикувајте да го прашувате Вашето дете/ученик/роднина/корисник секогаш кога сакате да го допрете (гушнете, бакнете), бидејќи на тој начин ја гледа пактичната примена на насоките за соодветно однесување понудени во приказните.

24. ПРЕД ДА ДОПРАМ ПРАШУВАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Важно е да се понуди опција за начинот на кој комуникацијата може да продолжи меѓу Вашето дете/ученик/роднина/корисник и соговорникот, доколку соговорникот не сака да биде допрен. Разговор без допири е една од опциите.

23. ПРЕД ДА ДОПРАМ ПРАШУВАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Дополнете дека секој има право да каже не на допир. Споредете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник дека како тој што не сака некогаш да го допираат, така и другите луѓе некогаш не сакаат да бидат допирани. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник набројте неколку можни причини зошто допирот во тој момент може да биде непосакуван од соговорникот (не е расположен, тажен е, не сака да го гушкаат и сл.).

21. ПРЕД ДА ДОПРАМ ПРАШУВАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Набројте ги наставниците и наставничките кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник ги има, доколку оди во училиште. Доколку посетува дневен центар наведете ги професионалците од центарот. Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник е варботен терминот наставници и наставнички заменете го со колеги и колешки од работа. Нагласете дека е во ред да се праша за дозвола, пред да се гушне некој, бидејќи само така Вашето дете/ученик/роднина/корисник може да знае дали може да допре некој или не. Оваа ситуација можете да ја вежбате со Вашето дете/ученик/роднина/корисник преку игра на улоги, каде практично ќе ја претставите ситуацијата и прашањето кое треба да се постави.

20. ПРЕД ДА ДОПРАМ ПРАШУВАМ

Submitted by tstankova on
Cover Image
Image tooltip text
Набројте ги наставниците и наставничките кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник ги има, доколку оди во училиште. Доколку посетува дневен центар наведете ги професионалците од центарот. Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник е варботен терминот наставници и наставнички заменете го со колеги и колешки од работа.