Image tooltip text
Важно е Вашето дете/ученик/роднина/корисник да добие информација дека мастурбацијата е појава која се среќава и кај машките и кај женските, односно дека и машките и женските мастурбираат. Бидејќи во оваа приказна се објаснува мастурбација која се јавува пред или во текот на пубертетот нагласете дека мастурбацијата се јавува кај момчињата и мажите и девојките и жените. На овој начин се исклучуваат децата на годишна возраст помала од 9-8 години. Бидејќи тие не применуваат ваков тип на мастурбација. Доколку е присутна мастурбација на таа годишна возраст или помала, тогаш тоа не е мастурбација предизвикана од хормоналните промени, туку допирање на пенисот или вагината со цел запознавањето на телото и неговата функција, како и доживување на чувството на релаксација и намалување на анксиозност/тензија. Акцентот треба да се стави на разликите меѓу машка и женска мастурбација, односно дека машките го допираат својот пенис, а женските ја допираат својата вагина.