Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник дополнете и други ситуации во кои мајката го допира (на пример: помош при облекување, соблекување и сл.).
Наведете и други ситуации кога Вашето дете/ученик/роднина/корисник разговара со мајката (на пример, за време на гледање телевизија, возење во кола, одење во продавница и сл.).
Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник дополнете дека правилата на однесување важат за сите луѓе и важно е сите да ги почитуваат истите. Споредете некои од правилата, на пример: Како што е важно да се фрла ѓубрето во корпа за отпадоци, така е важно и на луѓето да им биде пријатно кога се заедно.
На илустрацијата е претставена автобуска станица, но можете да наведете и други места каде Вашето дете/ученик/роднина/корисник оди и среќава лица со кои не воспоставува комуникација (на пример: пазар, продавница, улица, трговски центар, ресторан и др.).
Набројте места каде Вашето дете/ученик/роднина/корисник оди често и среќава луѓе, за да може да се поистовети претставената ситуација (на пример: базен, трговски центри, кафич, ресторан, училиште, дневен центар, парк и сл.). Дополнително посочете дека на илустрацијата момчето и човекот си кажуваат здраво и се поздравуваат со рака, односно прават „да пукне“ и дека на тој начин се допираат на рацете.
И Вие практикувајте да го прашувате Вашето дете/ученик/роднина/корисник секогаш кога сакате да го допрете (гушнете, бакнете), бидејќи на тој начин ја гледа пактичната примена на насоките за соодветно однесување понудени во приказните.
Важно е да се понуди опција за начинот на кој комуникацијата може да продолжи меѓу Вашето дете/ученик/роднина/корисник и соговорникот, доколку соговорникот не сака да биде допрен. Разговор без допири е една од опциите.
Дополнете дека секој има право да каже не на допир. Споредете му на Вашето дете/ученик/роднина/корисник дека како тој што не сака некогаш да го допираат, така и другите луѓе некогаш не сакаат да бидат допирани. Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник набројте неколку можни причини зошто допирот во тој момент може да биде непосакуван од соговорникот (не е расположен, тажен е, не сака да го гушкаат и сл.).