Опишете ја лицевата експресија, претставена на илустрацијата, со зборови кои и се познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (некој ја удира или задева, лута, нервозна, не се смее и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (се обидува да се тргне, да се одбрани и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се почувствувала лута. Покажете и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка како изгледа Вашето лице кога Вие сте лут/а. Потоа побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да покаже како изгледа нејзиното лице кога таа е лута. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.
Не ми е убаво кога сум лута.
Лута сум кога ќе ме удрат.
Кога ќе ме удрат мене ми е непријатно.
И на моето лице се гледа дека ми е непријатно.
Objective
Knowledge
Тематска област
Врски
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/7_6.jpg