6. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Tags
Женско
Опишете ја лицевата експресија на девојката претставена на илустрацијата. Побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да каже како таа се чувствува кога скока на топка или кога изведува некоја нејзина омилена физичка активност дома (скока, лази, игра, врти) во игротека (качување, лулање, скокање на трамбулина, протнува низ тунел) игралиште (лизгање, лулање, трчање, скокање,вртење) спорт (плива на базен, танцува во танцов клуб и др.) и воедно да покаже каков израз на лицето има (како и изгледа лицето) кога ја изведува таа физичка активност. Предложените активности изведувајте ги пред огледало. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја практикува спонтано за да дискутирате како таа се чувствува.

Убаво ми е кога скокам на топка.

Кога скокам на топка мене ми е пријатно.

И на моето лице се гледа дека ми е пријатно.

Objective
Knowledge
Тематска област
Врски
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/5_2.jpg

Add new comment