Набројте и други ситуации каде Вашето дете/ученик/роднина/корисник среќава странци (на пример на спортски натпревар, концерт, трговски центри и сл.). Согласно можностите на Вашето дете/ученик/роднина/корисник нагласете дека некогаш со странците може да зборува, доколку нешто го прашаат, но не и да го допираат. Исто така во одредени ситуации и тој може да ги праша нешто странците, но не и да ги допира.
Странци се луѓето кои не ги знам и не знам како се викаат.
Странци се луѓето кои стојат на автобуска станица, се возат во автобус, шетаат на улица, купуваат во продавница.
Јас и странците не зборуваме и не се допираме кога ќе се видиме.
Во ред е јас и странците да не зборуваме и да не се допираме.
Така си покажуваме дека ни е пријатно.
Objective
Knowledge
Тематска област
Врски
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-02/25_2.jpg