Важно е да се нагласи дека вагината станува влажна за време на мастурбацијата. Согласно можностите и способностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка наведете дека оргазмот е всушност крајот на мастурбацијата, кога најсилно се чувствува скокоткањето и топлината во вагината и стомакот. Доколку сфаќањето на оргазмот претставува предизвик тогаш наведете дека мастурбацијата може да заврши со многу силно убаво чувство.
Кога мастурбирам може да ми е убаво во вагината и стомакот.
Тогаш вагината ми станува малку влажна.
Кога во стомакот и вагината ќе осетам топло значи дека имам оргазам.
Кога имам оргазам значи дека сум готова со мастурбирање.
Тоа е во ред.
Objective
Knowledge
Тематска област
Сексуалност и сексуално однесување
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-02/21_1.jpg