Раката има неколку делови: рамо, надлактица, лакт, подлактица, зглоб и шака.
Рамото ја спојува раката со трупот. Рамото има мускули кои овозможуваат на Ана да ја движи раката.
Под рамото на Ана се наоѓа надлактицата. Таа се вика надлактица бидејќи се наоѓа над лактот. Во надлактицата има мускули кои овозможуваат на Ана со раката да крева предмети.
Лактот се наоѓа на средина на раката. Лактот ги поврзува надлактицата и подлактицата. Лактот овозможува на Ана да ја витка раката во сите правци.
Под лактот се наоѓа подлактицата. И во подлактицата има мускули кои овозможуваат на Ана да ја движи раката.
Под подлактицата се наоѓа зглобот. Зглобот е поврзан со последниот дел на раката – шаката. Зглобот овозможува на Ана да ја движи шаката во сите правци.
Шаката има пет прсти. Со шаката Ана може да прави многу работи: да пишува, игра со топка, игра на компјутер, се облекува и многу други работи .