Image tooltip text
Доколку сте родител (татко) применувајте природни ситуации за именување на градите, на пример при бањање, соблекување, облекување. На овој начин Вашето дете ќе има можност да ги види своите гради во природни ситуации. Откако текстот е прочитан посочете ги градите на Вашето дете „Ова се твоите гради.“, а потоа и Вашите гради преку облека „Ова се моите гради.” Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно нејзините можности, можете да разговарате дека градите кај девојчињата се поголеми од градите на момчињата или да направите споредба со градите на мајката (или друга женска возрасна личност од блиско опкружување) и градите на таткото (или друга машка возрасна личност од блиско опкружување). Исто така, согласно нејзините можности можете да разговарате дека големината на градите кај девојчињата и жените е различна (мали, големи). Исто така, можете да ги кажете и жаргоните кои му се познати на Вашето дете, за да знае дека градите може да бидат именувани и со други имиња (цицки, дојки и др.).
Доколку сте родител (мајка) применувајте природни ситуации за именување на градите, на пример при бањање, соблекување, облекување. На овој начин Вашето дете ќе има можност да ги види своите гради во природни ситуации. Откако текстот е прочитан посочете ги градите на Вашето дете „Ова се твоите гради.“, а потоа и Вашите гради преку облека „Ова се моите гради.” Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно нејзините можности можете да разговарате дека големината на градите кај девојчињата и жените е различна (мали,големи). Согласно нејзините можности, можете да разговарате дека градите кај девојчињата се поголеми од градите на момчињата или да направите споредба со градите на мајката и градите на таткото. Исто така, можете да ги кажете и жаргоните кои му се познати на Вашето дете, за да знае дека градите може да бидат именувани и со други имиња (цицки, дојки и др.).
Доколку сте професионалец (машко) и асистирате на корисникот при бањање, соблекување, облекување применувајте ги тие природни ситуации за именување на градите. Доколку не асистирате при извршување на наведените активности откако текстот е прочитан посочете ги градите на Вашата ученичка/корисничка, преку облека „Ова се твоите гради .“, а потоа и Вашитe гради преку облека „Ова се моите гради.“ Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно нејзините можности можете да разговарате дека големината на градите кај девојчињата и жените е различна (мали,големи). Согласно нејзините можности, можете да разговарате дека градите кај девојчињата се поголеми од градите на момчињата. Исто така, можете да ги кажете и жаргоните кои нејзе и се познати, за да знае дека градите може да бидат именувани и со други имиња (цицки, дојки и др.).
Доколку сте професионалец (женско) и асистирате на корисникот при бањање, соблекување, облекување применувајте ги тие природни ситуации за именување на градите. Доколку не асистирате при извршување на наведените активности откако текстот е прочитан посочете ги нејзините гради, преку облека „Ова се твоите гради.“, а потоа посочете ги и Вашите гради, преку облека „Ова се моите гради.” Активноста изведувајте ја пред огледало. Согласно нејзините можности можете да разговарате дека големината на градите кај девојчињата и жените е различна (мали,големи). Согласно нејзините можности, можете да разговарате дека градите кај девојчињата се поголеми од градите на момчињата. Исто така, можете да ги кажете и жаргоните кои нејзе и се познати, за да знае дека градите може да бидат именувани и со други имиња (цицки, дојки и др.).