Женско

21. Јас растам

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Покажете слика од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка кога била бебе или дете, каде е гола, за да може да ја воочи разликата во присуството на влакна во пределот кај вагината. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не го поминала тој развоен период, односно е пред пубертет, посочете или покажете слика од нејзина блиска женска личност, постара од неа (мајка, сестра, родина, другарка и сл.) која има влакна на вагината, како што е опишано во текстот и прикажано на илустрацијата. Наведете дека и на нејзината вагина ќе и пораснат влакна.

20. Јас растам

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Покажете слика од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка кога била бебе или дете, каде е гола, за да може да ја воочи разликата при носење на градник, односно дека тогаш не носела градник. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не го поминала тој развоен период, односно е пред пубертет, посочете или покажете слика од нејзина блиска женска личност, постара од неа (мајка, сестра, родина, другарка и сл.) која носи градник. Таа личност може да го покаже градникот на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. Дополнително наведете дека кога ќе пораснат градите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка и таа ќе носи градник.

19. Јас растам

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Покажете слика од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка кога била бебе или дете, каде е гола, за да може да ја воочи разликата во големината на градите. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не го поминала тој развоен период, односно е пред пубертет, посочете или покажете слика од нејзина блиска женска личност, постара од неа (мајка, сестра, родина, другарка и сл.) која ги има промените на градите, опишани во текстот и прикажани на илустрацијата. Наведете дека и нејзините гради ќе пораснат поголеми.

18. Јас растам

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Застанете пред огледало и посочете ги влакната на нозете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не го поминала тој развоен период, односно е пред пубертет, посочете или покажете слика од нејзина блиска женска личност, постара од неа (мајка, сестра, родина, другарка и сл.) која има влакна на нозете. Наведете дека и на неа наскоро ќе и пораснат влакна на нозете, како на личноста која ја посочувате како пример.

17. Јас растам

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку сте во можност ставете дезодоранс на пазувите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. На тој начин таа ќе го почувствува убавиот/пријатен мирис на дезодорансот на нејзините пазуви. На овој начин Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ќе може практично да направи споредба меѓу убав/пријатен и неубав/непријатен мирис на пазувите.

15. Јас растам

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Доколку сте во можност овозможете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да ја помириса сопствената пот на пазувите. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка не го користи поимот пазуви, истиот заменете го со поим кој за неа е познат (мишки, под рацете и сл.). Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не го поминала тој развоен период, односно е пред пубертет, посочете или покажете слика од нејзина блиска женска личност, постара од неа (мајка, сестра, родина, другарка и сл.) која се поти на пазувите. Доколку сте во можност овозможете да ја помириса потта од пазувите на таа личност од носена облека. Наведете дека и таа ќе се поти на пазувите и дека и нејзината пот ќе мириса слично, како потта на личноста која ја посочувате како пример.

14. Јас растам

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Застанете пред огледало и посочете го пределот на пазувите преку облека на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка не го користи поимот пазуви, истиот заменете го со поим кој за неа е познат (мишки, под рацете и сл.). Наведете дека тој предел може да биде мокар од потта. Натопете ја облеката кај пазувите за да ја почувствува промената, односно да го осети чувството на мокра облека на пазувите. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не го поминала тој развоен период, односно е пред пубертет, посочете или покажете слика од нејзина блиска женска личност, постара од неа (мајка, сестра, родина, другарка и сл.) која се поти на пазувите. Доколку сте во можност покажете пример на испотена облека на пазувите. Доколку не сте во можност натопете ја облеката кај пазувите за да ја почувствува промената, односно да го осети чувството на мокра облека на пазувите. Наведете дека и таа ќе се поти на пазувите и облеката на пазувите може да и биде мокра, како на личноста која ја посочувате како пример.

13. Јас растам

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Застанете пред огледало и посочете ги влакната на пазувите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка не го користи поимот пазуви, истиот заменете го со поим кој за неа е познат (мишки, под рацете и сл.). Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не го поминала тој развоен период, односно е пред пубертет, посочете или покажете слика од нејзина блиска женска личност, постара од неа (мајка, сестра, родина, другарка и сл.) која има влакна на пазувите. Наведете дека и на неа ќе и пораснат влакна на пазувите, како на личноста која ја посочувате како пример.

12. Јас растам

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Покажете слика на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка од периодот кога таа е/била девојка. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка се уште не го поминала тој развоен период, односно е пред пубертет, посочете или покажете слика од нејзина блиска женска личност, постара од неа (мајка, сестра, родина, другарка и сл.) во период на пубертет. Наведете дека и таа ќе порасне и ќе биде девојка, како личноста на сликата.