14. Менување влошка

Submitted by anikolovska on
Tags
Женско
Menstruation
Допрете ја лепливата страна од влошката на раката на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. Така таа ќе почувствува дека таа страна лепи и полесно ќе може да запомни дека токму таа страна треба да ја стави на гаќите. Демонстрирајте го лепењето на влошката на гаќите. Можете визуелно да го обележите делот на гаќите каде влошката треба да биде ставена (конец, маркер и сл.) на почетокот и на крајниот дел каде влошката завршува на гаќите. Така Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ќе може полесно да процени каде точно треба да ја постави влошката на гаќите. Користете модел за демонстрирање (гаќи и чиста влошка) за да го претставите движењето, односно лепењето на влошката на гаќите. Демонстрирањето можете да го изведете Вие или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да примените техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.

Страната што лепи ја лепам на гаќите.

Objective
Knowledge
Тематска област
Вештини за здравје и благосостојба
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/14_0.jpg

Add new comment