При секое менување на влошка покажете го пакетче со влошки на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка или заедно избројте колку влошки има во пакетчето. Со секое следно користење на влошките бележете уште колку остануваат. На тој начин Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ќе добие визуелна претстава за користењето на влошките за време на менструацијата. Користете модел за демонстрирање (пакетче влошки) за да го претставите движењето, односно вадењето на една влошка од пакетчето. Демонстрирањето можете да го изведете Вие или на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да примените техника рака врз рака, каде со Вашите раце ги движите рацете на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка за таа да ја изведе активноста. На овој начин го поттикнувате моторното учење кај Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка.
Го земам пакетчето со влошки.
Од пакетчето вадам една влошка.
Objective
Knowledge
Тематска област
Вештини за здравје и благосостојба
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-03/11_0.jpg