6. ШТО Е ПРИЈАТНО

Submitted by tstankova on
Tags
Машко
Опишете ја лицевата експресија на момчето претставена на илустрацијата. Побарајте од Вашето дете/ученик/роднина/корисник да каже како тој се чувствува кога скока на топка или кога изведува некоја негова омилена физичка активност дома (скока, лази, игра, врти) во игротека (качување, лулање, скокање на трамбулина, протнува низ тунел) игралиште (лизгање, лулање, трчање, скокање,вртење) спорт (плива на базен, танцува во танцов клуб и др.) и воедно да покаже каков израз на лицето има (како му изгледа лицето) кога ја изведува таа физичка активност. Предложените активности изведувајте ги пред огледало. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашето дете/ученик/роднина/корисник ја практикува спонтано за да дискутирате како тој се чувствува.

Убаво ми е кога скокам на топка.

Кога скокам на топка мене ми е пријатно.

И на моето лице се гледа дека ми е пријатно.

Objective
Knowledge
Тематска област
Врски
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-02/6.jpg

Add new comment