6. ЈАС СЕ БАЊАМ

Submitted by tstankova on

Што:

Во оваа приказна може да најдете информации за одржување на лична хигиена, односно бањање. Содржината и илустрациите обезбедуваат чекор по чекор инструкции за процесот на бањање, вклучувајќи ја важноста од користење на дезодоранс и носење чиста облека. Одржувањето на хигиена е важно за градење на самодоверба кај самото лице, но и за воспоставување на навики за грижа за здравјето.

Зошто е важно:

Голем број на лица со АСН не ја разбираат потребата од одржување на лична хигиена и како резултат на тоа се соочуваат со мала мотивација за извршување на истата. Доколку лицето не ја разбира (не е во можност да ја разбере) потребата од одржување на лична хигиена, од големо значење е воспоставување на рутина која ќе ја следи, односно извршува, иако не го разбира значењето на истата. Поставување на потсетници кога личната хигиена треба да се изврши може да го забрза процесот на осамостојување или зголемување на самостојноста на лицето при бањање. На овој начин лицето ќе знае на кој ден и во колку часот ќе треба да се бања.

Кога е соодветно да се обработува приказната?

Никогаш не е доцна да се зајакнат знаењата и вештините за самостојно одржување на лична хигиена. Но сепак, потребно е да се внимава на безбедноста на лицето (можност да се лизне, удри и сл.). Децата со типичен развој пројавуваат интерес да се бањаат сами при навршување на осмата година. Пред да се дозволи лицето да се бања само потребно е да се имаат предвид  моменталните можности и способности на лицето за проценување на безбедност или ризик во различни ситуации. Но, никогаш не е прерано да се стимулира самостојноста при бањање во присуство на особа која обезбедува поддршка на лицето со АСН. На овој начин лицето ги вежба чекорите, односно активностите кои треба да ги изврши и нивната редоследност. Зависно од моменталните можности и способности на Вашето дете/ученик/роднина/корисник  зголемувањето на самостојноста при бањање ќе се одвива со различно темпо. При обработка на приказната, покрај понудените илустрации и содржина, користете ги природните ситуации за учење. На пример, за време на бањање на Вашето дете/ученик/роднина/корисник именувајте ги чекорите кои тој/таа треба да ги направи (Прво соблечи ја облеката. Сега пушти топла вода и сл.) во Ваша придружба. Вие проценувате кога лицето е доволно самостојно за сам/а да се грижи за личната хигиена. 

SRH Module Pre Quiz
SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
Бањање
SRH Module Profile
Country
Age Group